Добредојдовте на joan.mk!

За нас

JOAN Дооел Скопје е основана 1999 година и е една од водечките компании во Македонија во областа на комерцијалната климатизација.
Сопственик на истата е дипломиран машински инженер Горазд Ристовски
управител дипломиран машински инженер Христина Ристовска, двајцата со претходно искуство во областа на проектирање и изведба на климатизација.

Основни дејности во областа на климатизацијата се застапништво и дистрибуција на опрема, проектирање, изведба и сервисирање на истата.

Голем е бројот на изведени репрезентативни објекти како и договори за одржување на опрема за климатизација.

Располага со кадри обучени на највисоко ниво за инсталирање и одржување на ваквата опрема.

Компании кои ги застапуваме на Македонскиот Пазар се:
TADIRAN appliances - опрема за климатизација од Израел
Sino Resource - инсталациона опрема Кина
GREE - опрема за климатизација Кина

Една од значајните дејности на компанијата е градежништвото во смисла на инвестирање во изградба на згради со станови за продавање како и издавање на дел од нив. Становите се со висок квалитет со што сме препознатливи на пазарот.

Најнова активност од 2013 година е отварање на сестринска компанија JOAN SOLAR DOOEL Скопје, која се занимава со производство на електрична енергија од фотоволтаици. Централите се изградени во Горно Соње, близу Скопје и е пространа на 7000м2 со вкупна моќност 375KW/h.
Можеме да се пофалиме со тоа дека нашите централи имаат најголемо производство во однос на сите со истиот капацитет изградени во Македонија. Инсталираната опрема односно панелите се од JA SOLAR - Кина (најголем производител во светот) додека инверторите од ADVANCED ENERGY - Германија.

Контакти

Горазд Ристовски
Дипл. Машински инженер
+389 75254253
gorazd@joan.mk

Христина Ристовска
Дипл. Машински инженер
+389 75380523
hristina@joan.mk

Јоан Дооел
Јоан Солар Дооел
+389 2 2403119
office@joan.mk
apartments@joan.mk
solar@joan.mk
servis@joan.mk

Наши изработки